Финишираат подготовските за стартот на изградбата на атрактивниот туристички проект "Македонско село", што треба да биде лоциран во непосредна близина на Скопје, на падините на Водно. Министерството за економија деновиве треба да потпише договор со фирмата - изведувач на градежните активности. Според Селвет Барути, портпарол во Министерството за економија, на тендерот кој траеше речиси една година се пријавиле повеќе домашни и странски компании. Изведувачот по потпишувањето на договорот во рок од две недели треба да почне со градбата, а финалниот изглед оваа ексклузивна туристичка населба треба да го добие за три години - вели Барути. Таа не сакаше однапред да го обелодени името на изведувачот, ниту сакаше да информира дали тоа ќе биде домашна или странска фирма.
Финишираат подготовските за стартот на изградбата на атрактивниот туристички проект "Македонско село", што треба да биде лоциран во непосредна близина на Скопје, на падините на Водно.
Министерството за економија деновиве треба да потпише договор со фирмата - изведувач на градежните активности. Според Селвет Барути, портпарол во Министерството за економија, на тендерот кој траеше речиси една година се пријавиле повеќе домашни и странски компании.
- Изведувачот по потпишувањето на договорот во рок од две недели треба да почне со градбата, а финалниот изглед оваа ексклузивна туристичка населба треба да го добие за три години - вели Барути. Таа не сакаше однапред да го обелодени името на изведувачот, ниту сакаше да информира дали тоа ќе биде домашна или странска фирма.
Проектот, чиј инвеститор е македонската држава, е вреден 3,5 милиони евра. Се работи за комплекс кој ќе претставува нова и оригинална туристичка понуда во земјава, а посебно на градот Скопје, бидејќи населбата ќе биде лоцирана на атрактивна локација, во близина на манастирот "Свети Пантелејмон".
Во изградбата на овој интересен проект ќе бидат вклучени 12 автентични куќи од различни региони во Македонија. Дел од туристичкиот комплекс ќе бидат и неколку други придружни објекти, како што се: музеј, меана, ан, амфитеатар, воденица.
Од ресорното министерство велат дека дел од туристичките активности за годинава ќе бидат и активности за развивање на пештерскиот туризам во Слатинска Пештера, Пештера Песна, Пештера Голубник и Пештера Убавица.
- Две пештери во Националниот парк Маврово и пештерата Врело во кањонот Матка се отворени за посетители, а пуштена е во употреба и интернет-страница за спелеологијата во РМ - потсетуваат од секторот Туризам.
Според нив, на земјава и недостасува и спортски туризам, токму затоа интензивно се работи на создавање услови за привлекување инвестиции за изградба на капацитети за голф и развој на елитен туризам. Истовремено се работи на изготвување на проекти за комерцијализација и изградба на инфраструктурата за алтернативни спортови, како што се алпинизам, параглајдерство и тоа главно во Крушево, Галичица и во Матка.
Дел од овие активности треба да биде и спортското пилотирање на аеродромите во Стенковец, Битола и во Куманово, но и велосипедизам и ролање, кајакарство на мирни и диви води, како и моторџиско откривање на Македонија.
- Посебно внимание посветуваме на сезонскиот зимски туризам во туристичките центри Маврово, Попова Шапка, Пелистер и Кожуф - велат од Економија. Според нив, покрај сите овие активности продолжува и поддршката за руралниот туризам со развивање на проекти во постојните селски локации, како што се Брајчино, Вевчани, Берово, Пехчево, Смоларе, Банско, Мокрино, Колешино, Галичник и Зрновци.